Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Фитер Бајрам

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитки по повод големиот муслимански празник Фитер Бајрам.

Почитувани верници со исламска вероисповед, македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита големиот празник Фитер Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба. – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај