Честитка од Македонското друштво „Илинден“-Тирана по повод Фитер Бајрам

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упатија честитки по повод големиот муслимански празник Фитер Бајрам. Почитувани верници со исламска вероисповед во Албанија, во нашата матична земја Македонија и во целиот свет, честитки по повод големиот празник Рамазан бајрам. Нека е честит и вековит. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба, стои меѓу другото во честитката на друштвото.

Advertisement