Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Успение на Пресвета Богородица

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република  Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот.   

Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско национално малциство во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство, на сите Македонци каде и да се во светот и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Успение на Пресвета Богородица, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. 

Се посакува  пред сѐ добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина. 

Празнувањето на  споменот на сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов, благодет, душевен мир, среќа и топлина во нашите семејства. Ваше Блаженство, Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување, се наведува во честитката. 

Се посочува дека негувајќи ја традицијата го славиме денот на Мајката и заштитничката, молитвеницата и закрилницата на сите христијани, следејќи ги начелата кои нè прават човечни и се извор на нашата духовна сила.

Advertisement