Честитка од СМК за изборот на Османи за претседателка, со барање за унапредување на положбата и правата на Македонците во Гора и цела територја

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го честита изборот на Вјоса Османи за претседателка на Косово. СМК очекува продлабочување на македонско-косовските билатерални односи и унапредување на положбата и правата на Македонската заедница во Гора и Призренска Жупа, на целата територија на Косово. СМК апелира Косово да се воздржи од мешање во внатрешните работи на државата Македонија. СМК предлага склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Косово, врз основниот принцип на меѓународното право на “еднаква сувереност“ што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи! Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Косово!
Advertisement