Честитка од Светскиот Македонски Конгрес за 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија

 

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) им го честита Денот на независноста на државата Македонија на Македонците во целиот свет и на граѓаните на Македонија, со повик за семакедонско помирување и обединување заради одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК потсетува дека на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите без исклучок! Со овој референдум прашањето за името на државата конечно е затворено трајно и засекогаш!

После 27 години од референдумот, Македонците од целиот свет бараат продолжување на членството на државата Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“ со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик, како јасна разлика од истоимената провинција на Грција, независно од историските хипотеки: окупацијата веќрз Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и геноцидот врз Македонскиот народ кој се’ уште трае.

Македонците од целиот свет отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор, заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК предупредува дека, промената на државното име значи трајна промена на идентитетот на нацијата, истовремено, промената на државното име претставува тешко кривично дело велепредавство, злосторство против човештвото, геноцид врз Македонскиот народ и грубо кршење на Уставот и на меѓународното право!

Македонците во целиот свет отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради антимакедонизот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, јазикот и културата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК на Денот на независноста на државата Македонија, ги потсетува соседите на аманетот македонски: Македонската света земја којашто Вие со македонска крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме! Таа никогаш нема да биде Ваша! Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но знајте, дека утре, кога Вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ Македонски! И наскоро, многу побргу отколку што Вие можете и да си помислите, духот на семоќниот наш Врховен Бог Македонски – Македон, ќе слета над оваа земја и со својот здив ќе ги откорне плитко закопаните коски на Вашите мртви претци и ќе ги исфрли преку Синото, Белото и Црното Море, во Азија и Африка, онаму од каде што дошле, а нашето семе како Феникс повторно ќе никне на својата света земја Македонија!

И покрај се’ и после се’, никогаш да не заборавиме: Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа вистина и историја повеќе никој и никогаш не може да ја смени! Нека ни е честит 8 септември – Денот на независноста на Македонија и нека е вечен поменот и споменот на сите знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и државноста на Македонија! Лесна им земја и вечна им памја! Бог да ги благослови Македонија и Македонците каде и да се’! Македонија вечна од исконот до бескрајот и сите Македонци еден за друг! Амин!

Advertisement