Честитка по повод Божик упати Македонско друштво “Илинден“-Тирана до поглаварот на МПЦ-ОА и до сите верници 

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан  и до сите верници.       

Дозволете ми во мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Раѓањето Христово – Божик, и да ви посакам здравје, среќа, благосостојба, се вели во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. 

Во неа се наведува дека Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. И оваа година, се додава,  Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и безрезервно да им ја понудиме нашата помош. 

Токму во духот на христијанството, дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Христос се роди, навистина се роди, стои во честитката на македонското друштво “Илинден“-Тирана. 

Advertisement