Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. Имам чест од име на македонското национално малцинство во Албанија преку друштвото “Илинден”-Тирана да ја упатам оваа велигденска честитка до Вашето блаженство, до Синодот на нашата македонска Архиепископија, сите митрополии, епископии и епархии, до свештенството и до сите православни верници во Македонија за најголемиот и најзначаен празник Христовото воскресение и Ви посакам честит и благословен Велигден, благосостојба на нашата татковина Македонија и радост во срцата на сите Македонци во земјата, регионот и во светот, стои во честитканата на друштвото и неговот претседател Никола Ѓурѓај. 

Advertisement