
Националниот совет на македонската национална заедница во Србија на сите граѓани од православна вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Велигден! Велигден е празник кога го прославуваме Христовото воскресение, победата на животот над смртта. Нека ве поттикне на милосрдие,заедништво и почит, нека пробуди во вас оптимизам, хуманост и позитивни мисли. Ви посакуваме да ги поминете празничните денови во добро здравје, мир и благосостојба. Нека е честит и за многу години Велигден. Христос воскресе! – стои во честитката на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden