Четворица командоси на албанската армија дезертира во Велика Британија

Четворица припадници на специјалната единица „командоси“ на албанската армија, кои биле во Велика Британија дезертираа по завршување на обуката.Според албанските медиуми, војниците требало да се вратат на крајот од октомври, но тие по завршување на обуката не се вратиле со своите колеги во Албанија.

Албанското Министерство за одбрана потврди дека откако било констатирано дека војниците не се вратиле биле известени британските власти.Во меѓувреме поднесена е соодветна пријава во Военото обвинителство во Тирана, кое соработува со британските власти. Албанското Министерството за одбрана до сега има поднесено 16 пријави поради дезертирање.