Централниот совет на Македонците во Германија доби веб портал 

Веб платформата ќе обезбеди информци за Централниот совет на Македонците во Германија и за Македонците во Германија веб порталот www.zentralratdermakedonen.de

Централниот совет на Македонците во Германија е регистриран во окружниот суд во Берлин со решение од 28 јануари 2020 година го запиша во регистарот на здруженијата – Централниот совет на Македонците во Германија!

Основни цели и задачи на Централниот совет на Македонците во Германија е духовно, културно и економско обединување на Македонците во Германија, унапредување и продлабочување на македонско-германската соработка. Централниот совет на Македонците во Германија е регистрирано како непрофитно, непартиско и невладинско здружение. Централниот совет на Македонците во Германија ги застапува интересите на македонската заедница и ги подржува македонските здруженија за ефективно исполнување на нивните задачи и цели.

Централниот совет на Македонците во Германија ги охрабрува сите заинтересирани невладини организации, здруженија и граѓани да се приклучат кон заедничките цели, да го подобрат животниот стандард на македонците во општеството во кое живеат, својата татковина и светот, да ја одржуваат и шират македонската култура и да ги бранат правата на македонците.

Advertisement