Данската селекција е старо-новиот ракометен светски шампион

Данската селекција е старо-новиот ракометен светски шампион, откако избраниците на Николај Јакобсен триумфираа на Мундијалот во Египет и го одбранија освоеното злато пред две години. Репрезентацијата на Данска до вториот трофеј од светските ракометни собири стигна со триумфот над Шведска од 26-24 (13-13) во големото финале. Првиот дел од финалната пресметка помина изедначено. Данска само еднаш водеше два разлика, а слична предност имаше и Шведска. После голема борба на истекот од 30-та минута стоеше 13-13.

Второто полувреме продолжи во ист ритам. До 19-19 се играше „гол за гол“. Данците со серија од 4-1, се одлепија на 23-20 и зачекорија кон титулата. Во финишот се разбрани Ландин, а данскиот напад погодуваше секогаш кога беше потребно. Швеѓаните имаа свои шанси, но не ги искористија и поразот во финалето беше неизбежен. Бронзениот медал и припадна на шпанската селекција. „Црвената фурија“ во малото финале со 35-29 ја совладаа Францција.

Advertisement