Давид Марија-Сасоли нов претседател на Европскиот парламент

Италијанецот Давид-Марија Сасоли е избран за нов претседател на Европскиот парламент. Тој беше предложен од социјалистите и демократите, откако лидерот на европските социјалисти Сергеј Станишев се откажа од номинацијата.

Европратениците го избраа Сасоли во вториот обид, зашто при првото гласање му недостасуваа помалку од 10 гласа за да стапи на функцијата. Италијанецот ќе биде претседател на Европскиот парламент во следните две ипол години.

Синоќа беше предложено половина од мандатот функцијата да ја обавува социјалист од Источна или Централна Европа, а втората половина да му припадне на член на ЕНП. Сасоли е бивш новинар и повеќе од десет години е дел е од групата на европските социјалисти.