Децениски спор: Постоењето на мојот народ 

За мене како Македонка, тоа што името и идентитетот на мојата земја воопшто се тема на разговор ми предизвикува мачнина. Грција нема право да и кажува на друга земја како да се нарекува, и дека некој друг народ „не постои“. Никој нема право да ви каже кои сте и да ве тера да го смените своето име. Оттаму Грција и нејзината Влада (заедно со нејзините „стратешки партнери“ – САД, НАТО и ЕУ) немаат право да ја принудуваат Македонија да си го смени името.

А не е само името на земјата што се обидуваат да го сменат. Тие дури го сменија и МОЕТО ИМЕ! Раптопулос не е вистинското име на моето семејство, ние сме Рачковски. Откако Грција анектираше дел од нашата земја (македонската територија беше присилно поделена во 1912-13 година меѓу Србија (овој дел е денешната независна Република Македонија), Грција, Бугарија, и неколку години подоцна, Албанија), грчката Влада им ги смени имињата на сите жители, ги смени имињата на селата, топонимите, и забрани користење на македонските имиња. Грчката Влада исто така ги тераше децата да одат во грчки училишта, каде на многумиа (вклучително и татко ми и чичко ми) не им беше дозволувано да зборуваат на македонски јазик. Тоа што татко ми е роден во 1960-ите години, а овој суров третман се уште беше на сила би требало да шокира секого.

Македонците кои ќе се осмелеа да зборуваат на македонски јазик беа убивани, тепани, апсени или се соочуваа со други драстични казни како што е сечење на јазиците. Единствено место каде што Македонците од Егејска Македонија можеа да го зборуваат својот мајчин јазик беше во нивните домови, зад затворени врати, па дури и тоа го правеа во тајност. Ниту едно дете или возрасен не би требало да живеат вака, поради односот на една држава. Никој не смее да ми каже дека сум „Северномакедонка“. Јас сум Македонка.

Името кое што ни се наметнува, „Северна Македонија“, е крајно навредливо. Неговата цел е да се негира нашиот реален идентитет – Македонци од Македонија. А сепак Македонците често пати слушаат дека треба да се „прости и заборави“. Како може да се „прости и заборави“ едно толку трауматична историја? Тоа не е возможно бидејќи овој однос се уште е на сила. Македонците, вклучително и моите баби и дедовци, се уште ги прогонуваат овие кошмарни спомени. Се пеат многу македонски песна за овие трогателни, вистински настани, а приказните кои ги раскажува моето семејство го кинат срцето. Се чувствувам благословена што моето семејство ме научи што значи да се биде Македонец, кои се нашите традиции и од каде./Џенифер Раптопулос (Рачковска)/Македонското меѓународно движење за човекови права

Advertisement