Дејан Георгиевски освои златен медал во “Турција опен Таеквондо 2019”

Дејан Георгиевски освои златен медал на најсилните турнири во светот кој се одржа во Турција. Тоа е светскиот куп Г1 класа “ТУРЦИЈА ОПЕН 2019”, со пет борби и пет победи во еден ден full contact sport и тоа:
-Прва над Chihat SatilmisТурција – технички нокаут
-Втора над Muhammet EminТурција – технички нокаут
-Трета над Jonathan Healy САД – 14:7
-Четврта над Stephen Lambdin САД – технички нокаут
-Петта финале над Radik Isaev од Азербејџан – Актуален олимписки шампион – 16:8 со доминација

Одлични настапи имаа и останатите репрезенатитвци од кои некои и изгубија во борби за медал.
“Овој медал го посветуваме на настраданите во големата сообраќајна несреќа”, велат од Македонската Таеквондо репрезентација. Показател дека Македонија може да биде подобра од најдобрите. Ова се нови бодови на светската листа и силен чекор до норма за олимписките игри во Токио 2020”, додаваат од таму.