Пратеникот во Собранието на Косово и Претседател на Партијата „Единствена горанска партија“ Адем Хоџа, заменик министерот за инфроструктура и животна средина, Хамза Балије и советникот во министерството за регионален развој, Енес Горан, како претставници на Македонско – Горанска заедница во Косово, денес беа во службена посета на општина Драгаш. Гостите беа пречекани од градоначалникот, Шабан Шабани, со кого отворено разговараа за заштитата на граѓаните од вирусот Ковид19, како и за закрепнувањето на економијата по завршувањето на пандемијата, како и за социјалната помош за граѓаните на кои таа помош им е потребна.
Претседателот Шабани истакна дека оваа помош ќе биде дистрибуирана до сите граѓани, без оглед на националната, политичката или која било припадност. Во општина Драгаш има околу 800 семејства на кои што им е потребна оваа помош за време на оваа тешка пандемија. Делегацијата му се заблагодари на претседателот Шабани за искрената посветеност и истакнаа дека неговата улога во овој период на пандемија, е клучна во заштитата на здравјето на граѓаните во општината Драгаш, особено во регионот Гора. Беше посочено дека граѓаните на Општина Драгаш, особено во областа Гора, се високо дисциплинирани и се придржуваат кон мерките преземени од Министерството за здравство во интерес на одржување на здравјето.

Потоа, делегацијата на Партијата „Единствена горанска партија“ ја посети полициската станица во Драгаш. Директорот на полицијата Шаќир Ука ја пофали соработката помеѓу полицијата и цивилното население во областа Гора, потенцирајќи ја конструктивната улога на Дирекцијата за земјоделство и инспекција, предводена од господинот Феисал Халиловиќ. На оваа средба се заблагодаривме на полицијата во општина Драгаш и директорот Шаќири Ука за нивната конструктивна улога во заштитата на редот и мирот за време на овој перидо на пандемијата КОВИД19. Останете дома, држете социјална дистанца, користете заштитни маски и раквици за да се заштитите себеси и вашето семејство.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
