Делегација предводена од претседателот на Единствена горанска партија, Адем Хоџа оствари средба со Македонската амбасадорка во Приштина

Делегација предводена од претседателот на Единствена горанска партија, и пратеник во Косовскот собрание, Адем Хоџа, денеска во просторите на Македонската амбасада во Приштина, оствари средба со Македонската амбасадорка во Приштина, Шпреза Јусуфи.

На состанокот беа разгледани прашања важни за областа Гора, зајакнувањето на инфраструктурните врски со Република Македонија е од особено значење за зближување на луѓето и зајакнување на економијата, истакна претседателот на Единствена горанска партија, и пратеник во Косовскот собрание, Адем Хоџа.

Во областа Гора, во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед.

Advertisement