Делегација на Единствената горанска партија на посета на Општина Драгаш

Делегацијата на Единствената горанска партија, предводена од претеникот во Собранието на Косово, Адем Хоџа, заедно со министерката за локална самоуправа Емилија Реџепи, на 17.03.2020 година ја посетија општината Драгаш, каде беа пречекани од градоначалникот на општината Шабан Шабани. Заблагодарувајќи се на Владата и на општинските власти за преземените мерки, Хоџа ја истакна важноста за снабдување со основни животни намирници и медицински материјали, како и  важноста на меѓусебната солидарност едни со други.

Претеникот од областа Гора , во исто време ги замоли медиумите да не објавуваат непотврдени вести, потенцирајќи ја негативноста за ширење непотребна паника. Благодарение на вниманието на граѓаните, треба да се потенцира дека во моментов во областа Гора нема ниеден случај на инфекција со вирусот Covid-19. Ги повикуваме граѓаните да продолжат целосно да ги почитуваат упатствата и правилата во врска со оваа тешка здравствена состојба што го зафати целиот свет. Во исто време, во нашите мисли и срца сме со сите Горани каде и да сме, особено со нашите луѓе кои живеат и работат во Италија.

Во областа Гора на Косово, во падините на Шар Планина распослани се 18 села населени со Македонци познати под името Горанци.