
Делегација на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), денеска беше во посета на митрополијата на Корча.
Заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, Атанас Плоча, кој е и заменик градоначалник на Општина Пустец и Нико Андон, присуствувавме на традиционалниот прием во седиштето на Корчанската митрополијап, по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик.
Додаде дека на митрополитот Анастасиј, а преку него и на верниците во митрополијата му го честитале празникот и му посакале добро здравје, радост, среќа, благосостојба а се заложиле и за продолжување на верската хармонија, по која е препознатлива Албанија.
Од наше и од име на партијата и Македонците, и до сите верници во земјава и светот, кои го слават Божик според Грегоријанскиот календар, упатуваме честитки со желби за среќен и благословен Божик, исполнет со мир, љубов и благосостојба, посочи Стерјовски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden