Делегација на МАЕИ средба во Кастриот Робо, дипломатски советник на Претседателот на Република Албанија

Делегација на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски и заменик-претседателот Ендрит Фетаху, денеска оствари официјална средба во Претседателството на Република Албанија со г-дин Кастриот Робо, дипломатски советник на Претседателот на Републиката.

Во фокусот на средбата беа прашања поврзани со:

  • улогата и положбата на македонската заедница во Албанија во контекст на процесот на европска интеграција;
  • придонесот на македонската заедница во градењето на соживотот, дијалогот и општествената стабилност;
  • актуелните предизвици и потреби на македонската заедница во однос на институционалната застапеност, образованието, културата и локалниот развој.

Разговорот се одвиваше во отворена и конструктивна атмосфера, при што беше истакната важноста на институционалната соработка и почитувањето на принципот на еднаквост и правата на сите заедници кои живеат во Република Албанија.