Демократи ја поздравуваат Одлуката на ФЕУН за прифаќање на „Резолуција за образовна и културна автономија за Македонците во Албанија“

Во главниот град на Словачката Република, Братислава на 13. 06. 2019 год. беше почетокот на работата на 64-от конгрес на Федералната унија на европските националности – ФУЕН. Воедно, овој конгрес беше во духот на прославата на 70 – годишнината од основањето на оваа европска унија, која седумте децении од постоењето ги слави со бројни постигнувања. Конгресот го организира Партија на унгарската заедница во Словачка и Карпато-германски здружение во Словачка, организаци, членки на ФУЕН, а траеше до 16 јуни со учество на 103 организации членки од 35 земји во Европа.

Исклучитална прилика за Македонците од Албанија беше и присуството на нивни претставници на конгресот од Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Тие, пред официјалниот почеток на Конгресот на саемот на кој претставниците на малцинствата од Европа, на свои штандови претставија дел од традиционлани производи, како и пропаганден материјал, а Македонско друштво “Илинден“-Тирана по втор пат имаше свој штанд кој побуди голем интерес.

Македонско друштво „Илинден” рамноправен член на ФУЕН е од средината на мај 2015 година.
На 15.06.2019 год. започна со работа Генералното собрание на ФУЕН. Согласно дневниот ред се очекуваше да биде прифатена резолузицијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана за правата на Македонците во Албанија. Со оглед на сериозноста на Резолуцијата и темата која ја обработува истата таа беше едногласно усвоена со официјална одлуката на Федералната Унија на Европски националности – ФУЕН.

На тој начин, а на предлог на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и претседателот на друштвото г-дин Никола Ѓурѓај покажаа дека меѓународните европски институции и организации сериозно ја разгледале, а поради тоа и ја прифатија поднесената „Резолуција за образовна и културна автономија за Македонците во Албанија“.
Согласно праксата, ФУЕН прифатената Резолуција во име на сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 36 европски земји, ќе ја достави до албанските институции кои треба да им ги овозможат на Македонците од Голо Брдо, Гора и Мала Преспа меѓународните човекови права.

Политичката партија ДЕМОКРАТИ ја поздравува Одлуката на ФЕУН за прифаќање на „Резолуција за образовна и културна автономија за Македонците во Албанија“, а за залагањата честитки испраќаме до г-дин Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и на сите членови на Друштвото. Со верба дека оваа Резолуција ќе биде испочитувана од албанските власти, посакуваме идни успеси на Македонците во Албанија. – стои во соопштението потпишано од Јорго Огненовски, Претседател на политичката партија Демократи.

Advertisement