ДЕМОКРАТИ: Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски да се обрати до нацијата

Претседателот на Македонија, Пендаровски на 18 март 2020 год. прогласи вонредна состојба во државата по повод епидемијата предизвикана од корона вирусот. Во таа прилика, покрај другото, побара политичките партии да се воздржат од изјави заради собирање политички поени во ова тешка ситуација. Но, неговиот збор некому ништо не значеше и не значи.

Така, од тогаш до денес политичките партии кои сѐ уште ја сочинуваат техничката Влада во Македонија, не престанаа со словопоење/кудење на своите/туѓите заложби за справување со актуелната криза. После неколку дена, на 24 март 2020 год., претседателот се обрати до нацијата во кое обраќање освен дотогаш познатото, ни порача дека „Немаме друга опција во овој период освен да издржиме! Ве молам, не паѓајте со духот, сите заедно, ќе издржиме!“.

Ваквата негова изјава наместо да го смири населението на Македонија, доведе до уште поголема паника од онаа која веќе беше создадена со воведување на вонредна состојба и полицискиот час.

Според ДЕМОКРАТИ, во секој момент и во секоја прилика има и други опции освен да издржиме.

ДЕМОКРАТИ, како сериозна и одговорна партија, од првиот ден на воведувањето на посебните мерки на Владата на Македонија за справување со кризата, апелираше истите сериозно да се сфатат и да се применуваат. Ваквиот наш став го темелевме на вербата дека барем во вакви моменти техничката Влада би работела во интерес на граѓаните. Но, недозволената злоупотреба на кризната состојба и донесувањето на Уредби од страна на Владата кои немаат ников практичен ефект во справувањето со состојбите предизвикани од корона вирусот, јасно покажаа дека вонредната состојба е прогласена за да се задоволат нечии апетити.

Според ДЕМОКРАТИ, сѐ што беше потребно да се направи беше сериозно подготвена и спроведена стратегија, од врвни стручни лица во повеќе области, за справување со епидемијата, а тоа е единственото практично решение.

Од досегашните мерки на техничката Влада на Македонија добивме психоза сред населението, катастрофа во сегментот економија, финансиски крах на малите дуќани, пазарите, градежништвото и во секој друг бизнис. А решавање на состојбата не е на повидок.

Дополнително, состојбата во државава е усложнета со фактот што беа одложени предвремените парламентарни избори. Сега, Македонија се наоѓа во еден специфичен период на неизвесност и предвидлива економска агонија.

Во ваква состојба, политичката партија ДЕМОКРАТИ го повикува Претседателот на Македонија да се обрати до нацијата со одговори за неколку битни прашања:

1. Дали има и колкави се резервите на државата во материјални и финансиски средства?

2. Дали се сигурни заштедите на граѓаните во банките во државава?

3. Дали се предвидени штетите во стопанството од мерките за вонредната состојба и полицискиот час, како и што се презема за нивно санирање?

4. Дали има направено стратегија за санирање на штетите во образованието, со оглед на тоа што не секаде се применливи е-часовите?

5. Дали се размислува за укинување на вонредната состојба и полицискиот час и враќање на животот во нормала, со оглед на фактот што дури и сред лекарската фела нема единство во однос на тоа дали се позитивни ефектите од досега преземените мерки?

6. Дали и врз основа на кој закони ќе се продолжи функционирањето на техничката влада и дали ќе ги има истите ингеренции за донесување на уредби кои нема да бидат поврзани со решавање на состојбата со корона вирусот.

ДЕМОКРАТИ и натаму со внимание ќе ја следат состојбата предизвикана од корона вирусот во Македонија и светот. Во оваа пригода покрај апелот за обраќање на претседателот, ДЕМОКРАТИ ја повикуваат техничката Влада на Македонија да го ограничи полицискиот час од 21 до 05 часот, за сите граѓани, до моментот на замрзнување на бројот на заболени од ковид вирусот. – сти во соопштението на