Демократија во ЕУ – Бугарија: Советот на Општина Благоевград го забрани отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров

Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на македонскиот поет Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат од таму, „македонист“, пренесува „Фактор.мк“

Во образложението од Советот на Општина Благоевград стои дека „Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации“. Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот. Никола Вапцаров кој е стрелан од фашистите е многу читан македонски поет.

Advertisement