Демократската партија се подготвува за избор на нов лидер

 

Демократската партија на Албанија (ДПА) ги почна активностите за избор на нов лидер. Најголемата опозициска партија во Албанија убедливо беше поразена на парламентарните избори кои се одржаа на 25 јуни. Веднаш по изборите дел од членството на партијата побара оставка од претседателот Лулзим Баша.

Во битката за претседател на ДПА ќе влезат сè уште актуелниот претседател Баша и поранешниот лидер на партијата, Едуард Селами. Повикувајќи на изјави на високи партиски функционери во Демократската партија, евентуалното останување на Баша на чело на паријата ќе значи и формирање на уште една силна политичка партија на десницата во Албанија, во која би биле Селами и многу значајни партиски имиња со богато политичко искуство во земјата