Демолиран турски споменик во Тирана (ФОТО)

 

Непознати сторители оштетиле споменик посветен на жртвите од неуспешниот државен удар во 2016 година во Турција, кој се наоѓа во близина на вештачкото езеро во Големиот парк во Тирана. Полицијата соопшти дека инцидентот се случил рано утрово и истрагата е во тек, пренесува АТА. Споменикот во Тирана е подигнат на 15 јули, на третата годишнина од неуспешниот државен удар во Турција.

Advertisement