Демонстрантите се судрија со полицијата во Германија (ВИДЕО)

Полицајците користеле пепер спреј и пендреци против луѓето кои се обидувале да ги пробијат полициските бариери. Неколку илјади луѓе учествувале во протестите во Касел, а покрај судирот со полицијата имало у неколку судири со контра демонстранити, пренесе Гардијан.

Неколку групи, повеќето крајно десничарски противници на владините мерки за борба против пандемијата, повикале на протести во градовите ширум земјата. Во Берлин околу 1.800 полицајци биле подготвени за можни нереди, но само неколку десетици демонстранти се собрале кај Банденбуршката капија.

Во меѓувреме, околу 300 граѓани с собрале на берлинскиот булевар Унтер ден Линдер во знак на протест против демонстрациите на крајната десница. Полицијата морала да интервенира кога некои крајно десничарски демонстранти се обиделе да нападнат фото репортери, но полицијата соопштила дека ситуацијата е под контрола.

Advertisement