Ден на жалост во Албанија

Владата на Албанија 27 ноември, го прогласи за Ден на жалост поради жртвите во серијата земјотреси во кои загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 700 се повредени. Знамињата на сите институции во Албанија ќе бидат спуштени на половина копје, а училиштата ќе бидат затворени. Фудбалскиот сојуз на Албанија, исто така, ги откажа сите натпревари за оваа недела. Премиерот Еди Рама им се заблагодари на земјите кои испраќаат помош, велејќи дека е „добро чувството кога знаеш дека не си сам и благодарен сум им на сите наши пријатели“.