Денес се одбележува Денот на Охридското езеро

Денес се одбележува Денот на Охридското езеро 21-ви јуни веќе седумнаесет години е денот кога се потсетуваме на големото значење на овој наш бесценет воден ресурс, но и јавно дискутираме околу неговата заштита. Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне јавната свест и да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна, но и да се покаже дека туризмот е базиран врз ендемизмот и еколошките услови што ги нуди охридскиот регион.

Ова што годиниве е направено е прашање на историја што се е направено добро и во корист на заштита на езерото.МОжам да кажам дека за историски моменти можат да се сметаат ги сметаме прогласувањето на Охритското езеро и целокупниот биосферен резерват на УНЕСКО, заштитата од УНЕСКО, подигањето на јавната свест за заштитата на езерото, како и направената физибилити студија за унапредување на колекторскиот систем, еве токму денес започнуваме многу важен проект за искористувањето на водата во земјоделието, вели Дејан Паноски-Координатор на Дримскиот проект.

Активностите за одбележување на овој ден годинава се реализираат во Поградец. Ќе има специјална програма наменета за деца, потоа кулинарски фестивал, како и бројни спортски активности. Според програмата, ќе има воздухопловни демострации и разни акробаци над небото на Поградец, потоа велосипедска трка од Лин до Поградец, натпревар во пливање во должина од 150 метри и друго. За љубителите на фотографијата ќе биде отворена изложбата на познатиот фотограф Ардиан Фезолари, насловена „The days of Pogradec“. Заедничкото одбележување на овој ден треба да биде само поттик за зајакнување и продлабочување на соработката околу заштитата на езерото.

Има уште многу прашања кои треба да се решат. Борбата за зачувување на Охтридското езеро барем во ваква состојба ќе биде вечна, интересот мора ад биде јасен иако во одредени моменти имаме тотално спротивни гледишта и тоатално непокажување интерес за аштитата на Охридското езеро, вели Паноски.

Инаку, годинава се одбележуваат 17 години од потпишувањето на меморандумот за разбирање помеѓу општините Охрид, Струга и Поградец. Трите езерски општини во февруари 2000 година потпишаа декларација за заштита на Езерото и на 21 јуни со различни активности, наизменично секоја година го одбележуваат Денот на Охридското Езеро