
Конституивната седница на новиот албански законодавен дом, кој произлезе од изборите на 25 април се одржи денеска. Деловникот на Собранието предвидува дека претседавач на првата пленарна седница е најстариот пратеник, до изборот на претседател на Собранието. Оваа одговорност ја има пратеничката на Социјалстчката партија, Лулјета Божо.
Првата седница, закажана за 10 часот, има формална атмосфера, започне процесот на верификација на мандатите на пратениците по што ќе дадат заклетва. Ова ќе биде прва седница, по што ќе се свика втора седница во 17 часот на која ќе се гласа за новиот претседател на Собранието.
Социјалистите за оваа функција ја потврдија Линдита Никола (56), универзитетска професорка. Сепак според деловникот неа треба да ја предложат најмалку 15 пратеници, по што следува дебата, па тајно гласање.
Во новиот, десети по ред собрански состав во плурална Албанија, од вкупно 140-есет пратеници, Социјалистичката партија (ПС) има 74, изборната коалиција предводена од Демократската партија (ПД) 59, Движењето за социјалистичка интеграција интеграција (ЛСИ) четири и Социјалдемократската партија три пратенички места.
Во меѓувреме истекува рокот до кој шефот на државата треба да му го даде мандатот на Еди Рама за формирање на
Влада, кој пак во рок 10 дена треба да ја достави до Собранието програмата за работа на владата, заедно со нејзиниот состав, по што Мета треба да потпише уредба за согласност за новите министри.
Уставно право е на претседателот да не потпише уредба за некој од предложените кандидати за министри.
Рама, веќе ги соопшти имињата на 16-те министри меѓу нив 12 жени. Ново стари министри се Олта Џачка, за Европа и надворешни работи, Огерта Манастирлиу, за здравство, Белинда Балуку, за инфраструктура, Нико Пелеши, за одбрана, Бледи Чучи, за внатрешни работи, Елва Маргарити, за култура и Евис Куши за образование.
Нов министер за правда ќе биде Улси Мања, секторот финансии го презема Делинда Ибрахими, за земјоделство Фрида Крифца и Мирела Кумбаро за туризам. Ова на Рама ќе му биде трет мандат на чело на албанската извршна власт.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden