Денеска се одбележуваат 146 години од раѓањето на Гоце Делчев Македонскиот револуционер

 

Македонија и Македонците во татковината и во светот одбележуваат 146 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење во дваесеттиот век Гоце Делчев. Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на Султана и Никола Делчеви. Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Гоцевата визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите не е само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на Македонската цивилизација како цивилизација на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, на културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури наспроти корпотативниот глобализам кој врз профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка.

Гоце Делчев учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата. Вечна му слава и памјат. Амин

Advertisement