Денови на македонската култура во Војводина

Во организација на Македонското здружение “Свети Кирил и Методиј“ од Нови Сад, од 11 до 24 мај 2017 година во Нови Сад се одржува традиционалната македонска културна манифестација “Единаесетти денови на македонската култура во Војводина“. Вчера се одржа традиционалната Македонска вечер со богата културно-уметничка програма, македонски ора и песни и македонско мени.

На 18 мај во 18 часот ќе се изврши промоциоја на книгата “Самотија“ од Соња Конеска Жугиќ од Белград, на улица “Браќа Рибникар“ број 5 во Нови Сад. На 24 мај во 18 часот ќе се одржи свечена академија во соработка со Радио и телевизија Војвовина во Студио “М“ на улица “Игњата Павласа“ број 3 во Нови Сад.

Advertisement