Десетгодишна суспензија за Скендербег од УЕФА и парична казна од 1 милион евра

Скендербег официјално доби 10-годишна суспензија од УЕФА поради местење натпревари во европските купови и во албанскиот фудбал. Ова е најголемата казна во историјата, со што Скендербег ја надмина Победа, која своевремено доби 7 години забрана за настап во УЕФА. Покрај ова, мораше клубот да биде исфрлен во аматерски ранг на натпреварување. Скендербег ќе мора да плати парична казна од еден милион евра и да одработи казна во наредните десет учества во Европа. УЕФА откри малцерзации на Скендербег на дури 53 фудбалски натпревари. Албанскиот клуб има право на жалба во наредните 60 дена, но тешко дека ќе успее да промени нешто драстично во однос на драконската суспензија.

Advertisement