Десетгодишно дете од Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо се удави

Во Општата болница во Дебар, вчера попладне донесено е десетгодишно дете од село Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо, не даваше знаци на живот. Попусти беа обидите да го реанимираме, па за жал моравме да констатираме смрт, која настапила како последица на давење во вода. На телото на детенцето немаше траги на насилство,-изјави директор на дебарската општа болница.

Немилиот настан се случил во 17:20 часот, кога  за да се разлади влегло во водата од резервоарот на малата централа во селото и почнало да потонува. Станува збор за А.Д.(10), по потекло од селото Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо кое живеело во Драч, а било дојдено на гости кај неговите роднини.