Деветнаесет кандидати во трката за градоначалник во шест општини во Албанија

На предвремените делумни избори за градоначалник во шест општини во Албанија во трка се 19 кандидати од три политички партии и една изборна коалиција, соопшти Централната изборна комисија(ЦИК). Според комисија во трка се кандидатите на владејачката Социјалистичка партија (ПС) на Еди Рама, опозициската Демократска(ПД) на Љуљзим Баша и партијата Ново демократско движење (ЛРЕ) на Ариан Галдини.

За градоначалничко место со нив ќе се тркаат и кандидатите на изборната коалиција „Дом на слободата“ на Движењето за социјалистичка интеграција, на Моника Круемади и Демохристијанската партија на Нард Ндока, во која комисијата не го призна како политички субјект за учество крилото на Сали Бериша. Сепак во повеќето од општините кандидатите се токму приврзаници на Бериша, кој веќе ја почна изборната кампања иако официјално започнува на 19 месецов.

ПС, ПД и коалицијата „Дом на слободата“ свои кандидати имаат во сите шест општини, додека ЛРЕ само во Пешкопеја. ЦИК го објави и гласачкото ливче како тоа ќе изгледа за изборите што се ќе се одржат на 6 март во Драч, Скадар, Вора, Лушња, Рогожина и Пешкопеја, кога ќе се гласа на 940 гласачки места а во единствениот избирачки список се запишани 648.536 лица со право на глас.

Advertisement