„ДНК“ ќе го прослави 15-от роденден

Панчо и Андреј, предводниците на македонската аренби-сцена, вечерва ќе одржат голем славенички концерт во арената „Метрополис“ во Скопје, со кој ќе одбележат 15 години на македонската естрада. Наедно, тоа ќе биде и концертна промоција на нивниот нов албум „Уште еден ден“.

Неуморните мајстори за забава ќе настапат во придружба на својот бенд, со кој ќе ги изведат најголемите хитови, кои имаат над милион прегледи на нивниот официјален јутјуб-канал, како: „Срце“, „Што сака нека биде“, „Север и Југ“,„Она е од Шутка“, „Авион“, „Само таа знае како“, „Најмила“, „Стојам сам“, „Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Пази се од мене“…

Во тричасовното шоу, друштво ќе им прават и сите колеги со кои досега соработувале. Браќата Тавитјан, Тамара Тодевска, Магдалена Цветковска-Ена, Роберт Билбилов, Дарко Илиевски се само дел од домашните музички имиња што ќе бидат на сцената во арената „Метрополис“, а ќе има и изненадувања. За загревањето на атмосферата ќе се погрижат диџеите Ајри Скреч, Фити Флоу и Нести.  Вратите на арената „Метрополис“ ќе бидат отворени од 20 ч., а стартот на концертот е закажан во 21 часот.

Advertisement