Домот каде е роден Стерјо Спасе во село Глобочани, Мала Преспа ќе биде претворена во музеј, Стерјо Спасе писател и критичар од македонско потекло, aвтор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици.
Проектот ќе го реализират во соработка со Општина Битола, Општина Пустец, НУ „Завод и музеј“-Битола, Регионалниот директорат за културно наследство од Корча и МКЦ – Битола. Најголем дел од активностите се сконцентрирани во локалитетот Хераклеа каде ќе се изврши осовременување на сувенирницата, поставување систем за контрола при влез и излез на посетители, осовременување на пристапната патека од влезот во локалитетот се до театарот, а тоа значи реконструкција на скалите, поставување огради и ракофати. За искачување до театарот ќе има и лифт кој ќе го користат инвалиди и лица со попреченост, но и рампа за пристапување до театарот со инвалидска количка. Во театарот ќе бидат отстранети подните плочи кои се неавтентични и ќе бидат поставени практикабли со универзална употреба, односно за различни културни настани, истакна директорката Стојанова. Со проектот, кој ќе заврши на крајот од идната година, планирани се и други функционални зафати во античкиот локалитет Хераклеа Линкестис кои обезбедуваат креативни новини во работата на НУ Завод и Музеј – Битола.
Проектните активности ќе се одвиваат во Општина Пустец, Областа Мала Преспа вклучуваат реконструкција на куќата во с. Глобочани, во кој живел Стерјо Спасе, еден од најпознатите македонски писатели, воедно и еден од најреномираните писатели во Албанија по Втората светска војна. Нашите партнери од Општина Пустец планираат и адаптација на нов културен и етнолошки простор во наведениот простор во општината Пустец, посочи Пали Колефски, градоначалник на Општина Пустец.
Проектот е поддржан во рамки на Вториот повик од ИПА-2, програмата за прекугранична соработка 2014-2020 меѓу Македонија и Албанија и вкупниот буџет на проектот изнесува 704.590 евра.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
