Дополнително Министерство за малцинствата во новата Косовска Влада  

Потпретседателот на Движењето Самоопределување, Албуjена Хаџи, негираше дека зголемувањето на бројот на министерства во новата косовска влада ќе биде од полза на Српска листа.

“Владата мора да има помалку еден министер од српската заедница и едн министер од која било друга немнозинска заедница на Косово. Ако има повеќе од 12 министри, владата ќе има трет министер, кој ќе претставува една од малцинските заедници на Косово”, напиша Хаџи синоќа на Фејсбук.

Таа додаде дека токму Премиерот одлучува кој од претставниците на малцинските заедници да го предложи за министер. Потпретседателот на Движењето за самоопределување, Бесник Бизjими, ја објави последната понуда во вторникот.Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) за формирање влада што, меѓу другото, вклучува и зголемување на бројот на министерства од 12 на 14 оддели. Според предлогот, бројот на министрите ќе се зголеми од 12 на 14. Самоопределување ќе има пет министерства, а ДСК има шест, додека три министерства ќе припаѓаат на малцинствата, а, според писмото испратено до Иси Мустафа од Албин Курти, првиот вицепремиер припаѓа на ДСК. а другиот Самоопределување.

„Се надевам дека ќе го прифатите нашиот предлог без одлагање за формирање влада и спроведување на усогласена владина програма“, рече Курти во писмото до Мустафа