Друштвото на Македонци од Романија одржа седумдневен летен камп во Галичник (ФОТО)

Минатата недела во Хотел Неда, во Галичник, Друштвото на македонци во Романија одржа седумдневен летен камп, со креативна работилница за деца. Десет дечиња членови на Друштвото на македонци во Романија цела недела твореа, учеа македонски јазик и песни, уживаа во природа. Организаторите и децата беа толку задоволни, што веќе планираат нова слична посета уште во септември. На фотографиите можете да видите дел од атмосферата и резултатите од работата на учесниците, инспирирани од Галичник и околината, година планираме да воспоставиме соработка, па во рамки на овие забавни активности ќе може да се вклучат и галичанчиња и нивни другарчиња. Присутна на летен камп беше и пратеничката на македонската заедница во парламентот на Романија,  Маријана Венера Попеску./Извор: ФБ страна на Месна заедница Галичник.