Државниот секретар Виктор Димовски – домаќин на состанокот на Европската служба за надворешни работи со политичките директори на земјите од Западен Балкан

 

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа вториот состанок на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАЅ) предводена од Заменик Генералниот секретар на ЕЕАЅ, Jean-Christophe Belliard со политичките директори на земјите од Западен Балкан (WB6). Дискусиите на состанокот беа фокусирани на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, прашања поврзани со Источното партнерство на Европската унија, усогласувањето со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, како и актуелната ситуација и развојот на настани во регионот и пошироко.

DSC 5499

Државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски ја поздрави сеопфатната досегашна посветеност на Европската унија во Република Македонија и во поширокиот регион, подвлекувајќи го очекувањето оваа посветеност да се круниса со завршен процес на интеграцијата на Балканот во Европската унија. Во овој контекст Димовски ги реафирмираше конкретните на чекори на Владата на Република Македонија во изминатата година на внатрешен и надворешно политички план и информираше за претстојните активности во тековната 2018 година за интеграцијата на нашата земја во Европската унија. Воедно, ја реафирмираше заложбата за усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија, како и интересот за интеграција на македонскиот енергетски сектор во регионалниот и европскиот пазар.

Advertisement