Двајца загинати во пукотница пред синагога во Германија (ВИДЕО)

 

Две лица денеска се убиени пред синагогата во германскиот град Хале. Според германските медиуми пукотницата настанала пред синагогата во источногерманскиот град Хале. Германската полиција соопшти дека напаѓачот е во бегство и ги повика граѓаните да останат во куќите или да засолнат на безбедно место. Полицијата на Твитер соопшти дека го бара напаѓачот и дека полициските сили биле распоредени во Хале. Според Ројтерс, едно лице е уапсено.

Advertisement