Дванаесетти Меѓународен фолклорен фестивал во Кичево

Од денес до недела, на платото пред Центарот за култура во Кичево, ќе се одржи дванаесеттиот Меѓународен фолклорен фестивал на песни и ора „Д-р. Владимир Полежиноски“. На фестивалот ќе настапат фолклорни ансамбли од Македонија, Црна Гора, Албанија, и Косово . Почетокот на програмата во трите вечери ќе биде од 21 часот.

Од денес до недела, по дванаесетти пат, во нашиот град ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал на песни и ора „Д-р. Владимир Полежиноски“, на кој во изминатите единаесет години настапиле фолкорни ансамбли од речиси сите континенти, или околу 60 фолклорни друштва продефилирале пред кичевската публика. На годинешниот фестивал ќе настапат фолклорни ансамбли од Македонија, Црна Гора, Албанија, и Косово. Така во годинешната програма ќе земат учество фолклорните ансамбли ансамблот на МКЦ од Драч , Албанија, „Његош“ од Цетиње, Црна Гора, Призрен од Косово, „Каршијака“од Скопје, „ Акиф Јахја“ од Теарце, „Лиљан“ од Скопје и локалните фолклорни друштва КУД „Бисер“,КУД „Младост“, КУД „Рацин“ и фолклорна група од нашиот град.

Според програмата, во трите вечери, на отворената сцена ќе продефилираат од пет до шест фолклорни ансамбли – информираа од Центарот за култура„ Кочо Рацин“ од Кичево, организатор на овој фестивал. Во случај на врнежи од дожд или невреме, настапите наместо на отворено ќе се одвиваат во големата сала од Центарот за култура.

Advertisement