Двосменска работа во конзулатите во Берн, Бон, Берлин и Минхен – зголемен број на барања за издавање на документи

Поради зголемен прилив на барања за издавање на документи кои пристигаат во македонските амбасади, министерството за надворешни работи ќе се воведе двосменско работење во неколку европски градови. Први, каде ќе се воведе двосменско работење, се конзулатите во Берн, во Бон, во Берлин и во Минхен за да им се излезе во пресрет на граѓаните, поради обврската за промена на личните документи до февруари идната година, кога сите треба да бидат со името Република Македонија.

Од министерството велат дека како ќе се појават потреба, така ќе се зголемуваат капацитетите и на други конзулати, а се разгледува можноста за воведување на двосменско работење и во амбасадата во Лондон. Ова е првпат македонските конзуларни претставништва да работат во две смени.

Advertisement