„Еделвајс“ најави летови Цирих-Охрид од април годинава

Швајцарската авиокомпанија „Еделвајс“  објави дека од 6 април годинава ќе лета двапати неделно на линијата Цирих – Охрид, новата линија од Цирих до аеродормот „Св. Апостол Павле“ секоја сабота, а од јули до август и секој вторник. Линијата ќе ја опслужува со авион од типот „Ербас А 320“. На македонскиот пазар „Еделвајс“ веќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје од каде лета до Цирих и обратно.

Advertisement