Еден од нај големите и највлијателните македонски активисти Бил Николов: Ако не ја осудите Северна, не ја претставувате Македонија

Еден од нај големите и највлијателните македонски активисти во дијаспората Бил Николов смета дека тие што не се противат на Северна а се залагаат за влез во северноатланската алијанса не можат да ги претставуваат Македонците.

“Било која македонска организација која зборува за прием во НАТО без да го осуди менувањето на името не може да каже дека ја претставува Македонија. Така не води кон Северна Македонија”. Кога и да се сретнам со западни политичари, прво што им велам е дека #НашетоИмеЕМакедонија” пишува Николов кој е лидер на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада во статус на Твитер.