Единствена горанска партија изрази искрена благодарност до гласачите и кандидатите

Единствена горанска партија изразува искрена и длабока благодарност до сите гласачи и кандидати кои беа дел од листата на партијата.

Претседателот на Единствена горанска партија, Адем Хоџа, упати благодарност до сите кандидати на листата за нивната храброст, посветеност и доверба во партијата. Воедно, тој изрази признание и до секој член, активист и волонтер кој со својата работа, време и енергија придонесе за заедничката цел.

Посебна благодарност им се должи на сите гласачи кои ја препознаа визијата на партијата и ја дадоа својата поддршка. Нивната доверба претставува чест, но и голема одговорност.

Наша обврска е укажаната доверба да ја оправдаме со чесна, посветена и одговорна работа. Нашата мисија е јасна: унапредување на благосостојбата на областа Гора, зачувување на нејзиниот идентитет и создавање подобри услови за живот за сите граѓани.

Обединети, продолжуваме да работиме за иднината на областа Гора.