За учество на изборите се сертифицирани вкупно 28 политички субјекти, со вкупно 1.280 кандидати што ќе се натпреваруваат за 120 пратенички места во Собранието на Република Косово, што ќе се одржат на 09 фебруари, 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата „Единствена горанска партија“.
На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 29 кандидати од разни делови на областa Гора. На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска горанската заедница, во Република Косово зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Република Косово, вели претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа, дипломиран инжињер.
Партијата “Единствена горанска партија” учествува на изборите со наши кандидати. Ве покануваме заедно и масовно да излеземе на гласање за да покажеме дека и покрај многубројните и разновидни напори за гаснење на нашиот горански идентитет ние постоиме, ние сме тука и сме посилни од било кога, вашиот глас за “Единствена горанска партија” ја зајакнува и ја чини уште посилна во посветеноста кон легитимните барања на Македонска – Горанска заедница во Република Косово, европските стандарди на локална самоуправа да ја вклучуваат и областа Гора, и за вистинска економска и политичка еднаквост и поголема застапеност во институциите. Ве повикуваме, излезете на гласање и заокружете го бројот 113 изјави Адем Хоџа.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
