Една и пол милијарда евра странски директни инвестиции во 2023 година

Цитирајќи го годишниот извештај на Централната банка на Албанија, премиерот на Албанија, Еди Рама, во својот говор на Националната конференција за образование и стручна обука, во јавноста подвлече дека Албанија достигнала бројка од 1,5 милијарда евра директни странски инвестиции (СДИ). Во истиот контекст и на истиот настан, премиерот издвои дека Албанија била оценета од „Стандард и Пурс“ со ново ниво, за првпат, при што се искачи на стабилна позитивна Б+ од неколку години во ББ- и оти следниот чекор е ББ+.

Минатата година, според извештајот на Централната банка на Албанија, достигнавме рекордна бројка од 1,5 милијарда евра странски директни инвестиции. Тоа е голем скок од постојаниот тренд од изминатите години, кој се движеше околу една милијарда, но што е само почеток на уште еден тренд да се оди на две, две и пол, три и четири милијарди – рекол Рама.

Advertisement