Екслузивно: Едмонд Темелко официјално кандидат на МАЕИ за градоначалник на Пустец (ФОТО)

Општинската организација Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на 01.05.2019 година одржа конвенција на која го утврди кандидатот за градоначалник на Општина Пустец, Мала Преспа за престојните локални избори во Албанија што ќе се одржат на 30 јуни 2019 година.

Делегатите од населените места Горна Горица, Туминец, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Леска, Пустец, Зрноско и Церје за кандидат за градоначалник на Пустец го утврдија досегашниот градоначалник Едмонд Темелко.

Општинската организација Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на конвенцијата донесе одлкуа партијата да излезе на избори самостална, и со свој кандидати за советници во Општина Пустец. МАЕИ освен во Општина Пустец со свои листи за советници ќе настапи во повеќе општини во Албанија каде што живее Македонско население.

Конвенција на Општинската организација Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)

 

Одлука на Општинската организација Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ)

Advertisement