Експресната железничка линија Минхен-Берлин вреден 10 милијарди евра (ВИДЕО)

Во Германија е пуштена во употреба новата екстремно брза траса меѓу Берлин и Минхен, со која патувањето со воз се крати за цели два часа. Наместо шест часа, патувањето со воз од Берлин до Минхен ќе трае четири часа. Во првиот воз на новата екстремно брза траса беше и канцеларката Ангела Меркел.

Возот може да достигне максимална брзина од 300 километри на час. Новата траса, која е најмодерна во земјата, се градеше 10 години. Должината на сите 26 тунели изнесува 57 километри, а изградени се и 37 мостови. Промоцијата на новата траса беше проследена и со проблеми. Поради технички проблеми на возот, тој при враќањето мораше повеќепати да застане

Брзите возови, на линијата долга 623 километри, би требало да го намалат времето на патување за една третина, односно од 6 на 4 часа и двојно да го зголемат бројот на патници меѓу јужната и северната германска метропола. „Дојче бан“ очекува околу 3,6 милиони патници секоја година. Инаку, реализацијата на овој проект трае долго време. Првпат планот го постави германската влада во 1991 година, по обединувањето на Источна и Западна Германија.

Advertisement