Екстремно десната Алтернатива за Германија за првпат посилна од социјалдемократите

Германската десничарска Алтернатива за Германија (АфД) ја престигна партијата од левиот центар СПД, покажуваат анкетите неколку дена по насилните протести на радикалните десничари во таа земја. Околу 6.000 поддржувачи на Афд и Пегида се приклучија на протестот во источногерманскиот град Кемниц во саботата по протестите минатата недела откако маж беше избоден со нож на 26 август. За убиството се уапсени двајца емигранти. Според анкетата спроведена од Инса АфД добила половина процентен бод стигнувајќи на 17 отсто, а СПД, која ја дели власта со конзервативците на Ангела Меркел, падна на 16 отсто. Конзервативците на Меркел имаат 28,5 отсто.

Следниот германски изборен тест е на 10 октомври кога баварските сојузници на Мерекл ќе се соочат со големиот предизвик што го претставува АфД во борбата за власт во таа сојузна држава. АфД, третата по големина партија на изборите минатата година, и главната опозиција, го искористи убиството на 35-годишниот Германец во Кемниц и апсењата на Сириец и Ирачанин за да ги засили критиките против политиката на отворени врати на Меркел. Снимките од минатонеделните протести покажуваат дека радикални десничари ловеле емигранти, фрлале шишиња и петарди, а некои поздравувале со нацистички поздрав, со закон забранет во Германија

Advertisement