Електронско плаќање на патарината во Македонија (ВИДЕО)

Мрежата за електронско плаќање на патарината во Македонија се шири – од денес овој систем функционира и на патарината кај Миладиновци. Но, за разлика од другите наплатни станици, тука засега ќе може да се плаќа само со М-картички, а не и со М-Таг, кој доколку го поседувате не мора да застанувате пред рампата. Така, електронското плаќање патарина кај нас функционира на целиот автопат од север кон југ и на двете патарини од него кон Скопје. Воведувањето на електронското плаќање на патарините и на автопатот кон запад ќе биде финансирано со заем од 13 милиони евра од европската банка за обнова и развој заедно со изградбата на три нови станици – две на автопатот Миладиновци-Штип и една на автопатот во изградба Кичево-Охрид. Како функционира електронското плаќање на патарините во Македонија можете да погледнете во следново видео.